Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Додека има недостиг на лекови, директорите на ФЗОМ аздисуваат и купуваат луксузни возила

Додека има недостиг на лекови, амбулантни возила и вакцини, директорите на ФЗОМ аздисуваат и купуваат луксузни возила, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Однародената власт на Заев, наместо инвестиции во здравството, парите ги троши за луксузни возила. Во време на економска, но, пред сѐ, здравствена криза, директорите на Фондот за здравствено осигурување купуваат две лимузини, односно едно возило од 82.600 евра и второ од 41.300 евра. Бесрамно и бесчуствително“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека здравството функционира со донации и граѓаните се лекуваат преку собирање пари со СМС-пораки, но директорите назначени од Заев купуваат за лични удопства.

„Додека во Македонија нема доволно амбулантни возила, власта набавува 45 службени возила за функционерите. Додека нема доволно лекови, инсулин и ‘клексани’ во аптеките , власта аздисува со народни пари. Додека се кубури со вакцини, функционерите од власта на Заев го трошат буџетот безмислосно. Следниот пат кога граѓаните ќе видат апел за собирање средства за лекување или кога нема да може да дојдат до лековите и терапијата, ќе се сетат дека директорите именувани од Заев парите ги потрошиле за нови возила и луксуз. Ова мора да престане“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК