Centar.mk
БИЗНИСТЕМАТОП ВЕСТИ

“Новото ВМРО-ДПМНЕ” на Мицкоски неуспешно се “чатали” со ланските идеи на Регулаторна

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со идеја на Регулаторната комисија за енергетика за намалување на ДДВ на електрична енергија, пласирана уште во јули 2020 година, за што Владата даде позитивно мислење, се обидува да добие политички поени.

Мицкоски деновиве изјави дека со заштита на граѓаните од евентуално поскапување на електричната енергија, државата треба да го намали данокот на електрична енергија од 18 на 5 проценти и го тоа несмасно го пласираше како негова “нова и голема” без да помисли дека сеќавањето на народот не е толку кратотрајно.

Проверката на факти говори дека предлогот за намалување на ДДВ на струјата е даден од Регулаторната комисија за енергетика, уште во јули минатата година, преку изјава на претседателот на РКЕ Бислимоски, а премиерот Зоран Заев кажа дека секој ваков предлог кој е во корист на граѓаните е прифатлив за Владата.

Ваквото намалување, меѓутоа, бара сериозни анализи, бидејќи според пресметките на РКЕ, намалувањето на ДДВ на електричната енергија би значело 28 до 29 милиони евра помал приход во Буџетот.

Можеби ќе ве интересира

Над 900 учесници од повеќе од 12 земји, над 30 говорници и повеќе од 80 партнери се дел од годинешното издание под мотото „From Wait to Go: E-commerce at AI Speed!“

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ЗАДРЖА ОСНОВНАТА КАМАТА НА 4,25% – Нови проекции за инфлацијата и економскиот раст

ДЕСК

АИ ОБУКИ ЗА СЕКОЈДНЕВНИ ПРОФЕСИИ – Британија финансира четири проекти со над 800.000 фунти

ДЕСК