Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Гостиварец извадил дрво од багажникот, претепал возач и му се заканил дека ќе го убие

Против 32-годишен жител на селото Дуф е поднесено обвинение поради кривично дело насилство.

Како што информираат од гостиварското Основно јавно обвинителство, на 23 февруари во Вруток обвинетиот извршил грубо насилство и телесно повредил едно лице, а кај другите присутни граѓани предизвикал чувство на несигурност и страв.

Оштетениот со својот автомобил се движел на регионалниот пат кај селото Вруток и во еден момент со рака му дал на обвинетиот право на првенство на минување.

Но, обвинетиот продолжил да го следи со своето возило, а на излезот од селото му го попречил патот, излегол од автомобилот, извадил дрво од багажникот и со него физички го нападнал оштетениот.

Притоа му нанел телесни повреди и му се заканил дека ќе го убие.​​

Можеби ќе ве интересира

Собранието отворено за идеите и предлозите на младите за справување со дезинформациите и предизвиците на дигиталната ера

ДЕСК

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

ДЕСК

Членките на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со осуда кон изјавите на Петар Богојески

ДЕСК