Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ужас: Го убил кучето на својот сосед и трупот го фрлил надвор од селото

Во вечерните часови на 24 мај 47-годишен жител на прилепското село Крушејца пријавил дека неговиот сосед П.Т. (61) од Скопје, кој престојувал во селото, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација.

По извршениот увид, полицијата пронашла две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В, а потоа го фрлил надвор од населеното место.

Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „застава М 72“, кое го поседувал без дозвола. По документирање на случајот, против скопјанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +