24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Добра вест: Почна етапната исплата на мајските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е етапната исплата на мајските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.5.2021 година – среда.

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.5.2021 година – четврток.

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.5.2021 година – петок.

За пензии со висина над 18.001 денар, исплата да се изврши на 31.5.2021 година – понеделник.

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од 26 мај – среда, напоменуваат надлежните.

Од таму дообјаснуваат дека етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.