Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Учениците станаа заложници на бизнис-интересите на Царовска

Учениците станаа заложници на бизнис-интересите на Царовска, укинувањето на учебниците не е реформа, туку талибанизам, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека граѓаните собираат потписи за организирање референдум против дигитализација на учебниците, Царовска упорна во своите намери не се откажува од реформата што предвидува укинување на учебниците. Учениците станаа заложници на бизнис-интересите на Мила Царовска. Кога ќе каже Царовска реформа, мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи. Исфрлање учебници од образованието не е реформа, туку талибанизам“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „арогантната министерка Царовска го дефинира отпорот кон наметната реформа како огромна поддршка и со тоа продолжува да ги омаловажувa граѓаните“.

„Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение, без притоа да ѝ одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа. Во текот на своето владеење Царовска е убедливо еден од најнеуспешните министри во Владата на СДСМ и време е да си поднесе оставка“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК