Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Сончево време со температура до 33 степени, од утре дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено и засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 33 степени.

Утре попладне и в четврток ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од утре ќе дува северен ветер, а температурата ќе биде во опаѓање.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК