15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Го запрашав Борисов како сите настанале од Адам и Ева само Македонците од Бугарите?

„Смешен е проблемот со Бугарија. Тие кажуваат дека ја прифаќаат реалноста за македонскиот идентитет и јазик, но бараат да ги видат корењата. Со Бојко Борисов кога сум разговарал и ќе ме праша како го сфаќате вие тоа со корењата јас одговарам ‘по науката сите сме настани од мајмуните, а по религијата сите сме од Адам и Ева и како тоа само Македонците да се од Бугарите или обратно во цел свет?’“ кажа премиерот Заев во неговото гостување на „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека историско-образовната комисија треба да ги разработи сите можни аспекти и за сите историски ликови да се најде решение за тие да не прават пријатели, а не да не делат.

„Не се откажувам бидејќи Европската Унија нема алтернатива. Ние продолжуваме да се европеизираме дома, но не е исто сами да се европезирате и низ процесот на преговори, низ поглавјата. Низ поглавјата и кластерите доаѓаат и милиони за поддршка за да може да те мотивираат и охрабрат да покажеш навистина вредности и ефекти од реформите во државата“ кажа Заев.

Премиерот повтори дека бугарскиот народ на претходните избори покажа дека сака европско лидерство и лидерство кое решава проблеми.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +