Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло со температури до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд, а в петок ќе дува засилен северен ветер. Стабилно, сончево и топло ќе биде во деновите од викендот.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК