Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев во Брисел на средби со Борел, Мишел и лидерите од Западен Балкан

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска патува за Брисел каде што е предвидено да оствари средби со високи претставници од Европската Унија и со лидерите од Западен Балкан.

Вечерва, на покана на потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, Заев ќе присуствува на заедничката работна вечера со лидерите на земјите од Западен Балкан. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, ќе се разговара за актуелни прашања за регионот во контекст напредокот на земјите во процесот за нивно пристапување во ЕУ.

Непосредно пред вечерата, премиерот Заев ќе оствари куса средба со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Премиерот Заев оваа посета на институциите на ЕУ во Брисел ќе ја заврши утре со средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Можеби ќе ве интересира

МЕЏИТИ СО ПОРАКА ПО ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА – Поделбата на „ние“ и „тие“ не носи успех

ДЕСК

ПРЕТРЕСИ ВО ШТИП И СКОПЈЕ – Се истражуваат сомнежи за менување оценки на универзитет

ДЕСК

Митева: ВРЕДИ имаа можност да покажат дека се поинакви од ДУИ, но ја пропуштија шансата да излезат од етничката реторика

ДЕСК