Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Во Радовиш сообраќајна незгода меѓу мотоцикл и трактор

Вчера во 14:00 часот во полициска станица Радовиш било пријавено дека на магистрален пат Радовиш – Штип, во населба Дамјан, Радовишко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки нинџа“, со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(43) од Гевгелија и трактор „имт 539“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(59) од с.Дамјан.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во медицински центар Штип.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на Полициска станица Радовиш.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ако регионот се обедини, може да понуди реализација на проекти во енергетиката во висина од четири илјади милијарди во следниве 10 години

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО ВОНРЕДНО МЕТЕОПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме проследено со дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Прегазено 11 годишно дете – итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК