Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и топло со температури до 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени.

Според УХМР, утре претпладне се очекува повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Локална облачност со локални врнежи ќе има и во текот на ноќта кон четврток, како и в четврток преку ден. Поради засилен северозападен ветер в четврток температурата ќе се намали за неколку степени.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +