Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Бензините поевтинуваат – ова се новите цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51 % во однос на Одлуката од 10.05.2021 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг и сега ќе изнесува 34,596 ден/кг.

Од 18.5.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,596 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,82%, кај дизелот има зголемување за 1,048% и кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,35%, додека кај мазутот има намалување за 1,856%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,522%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 18.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК