Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

13-годишна мотоциклистка тешко повредена при судир со „голф“

Вчера околу 16:35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. Тоде Мендол и ул. Перо Илиевски се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „априлиа“, со кумановски регистарски ознаки, управуван од 13-годишна малолетничка, на кој се превезувала уште една 13-годишна малолетничка, и двете од Куманов, и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово.

По незгодата, малолетничката која го управувала мопедот била пренесена во Општата болница Куманово, каде што ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

ДЕСК

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК