Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: СДСМ ќе продолжи да го движи општеството кон напредок, развој и интеграција

„СДСМ во наредните четири години ќе продолжи да биде одлучувачка сила која носи државнички одлуки и го движи македонското општество кон напредок, развој и интеграција“ кажа лидерот на СДСМ, Зоран Заев на 26. Конгрес на партијата.

Премиерот на Република Северна Македонија во неговото обраќање на изборниот конгрес на неговата партија истакна дека следува голема политичка кација за нова позитивна промена на начинот на функционирање и менталитетот на политичките партии во земјава преку пет клучни столбови.

„Прво, обновување на досегашната кадровска понуда на СДСМ, но без откажување од нашите луѓе. Второ, ангажирање на сите можни капацитети во борбата против корупцијата и криминалот. Трето, охрабрување на различно мислење и почитување туѓи ставови. Четврто, градење на СДСМ за новото време, млад СДСМ, прв во промените. Петто, поттикнување, подигнување на мотивацијата на нашите граѓани“ истакна Заев и додаде дека смета на членовите на новото раководство на СДСМ за реализација на овие точки и за подобро и попосветено служење на граѓаните.

Тој повтори дека како поединци и како партија, СДСМ ќе продолжи да се води по истите вредности како и до сега – посветена, чесна работа кој носи напредок, развој и интеграција.

Можеби ќе ве интересира

Се роди првото бебе – женско е!

ДЕСК

Студен удар во петок: Температури под нулата и снег во делови од земјата – детална прогноза за првите 4 дена од годината

ДЕСК

Одобрен Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица

ДЕСК