Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со народниот правобранител Насер Зибери

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими народниот правобранител Насер Зибери.

На средбата народниот правобранител го презентира годишниот извештај за степенот на обезбедувањето, почитувањето, унапредувањето и заштитата на човековите слободи и права за 2020 година.

Народниот правобранител информира дека во текот на 2020 година состојбата со пандемијата на Ковид-19 се одразила и врз работата на институцијата што ја предводи како во поглед на бројот на примените претставки така и во однос на сите други активности на домашен и на меѓународен план.

Претседателот Пендаровски ги реафирмира своите заложби за натамошно јакнење на улогата и независноста на народниот правобранител како орган што ги промовира и штити уставните и законските права на граѓаните и кој ја следи состојбата на почитување на човековите права и укажува на потребата од нивна заштита.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +