Centar.mk
ИЗБОРМОЗАИК

Кучето Рекс го најде својот дом

Кучето Рекс кое беше најдено на улица, напуштено и во лоша состојба, и донесено во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ од семејството Шилегови, вчера го најде својот дом. Ова весело кутре го вдоми малата Вивиен, заедно со нејзината мајка.

Градоначалникот Шилегов со сопругата Јасмина и со децата вчера го посетија прифатилиштето „Лајка“ и се запознаа со вдомувачите на слаткиот Рекс. За новиот почеток Рекс доби многу подароци, гушкање и желби за среќни мигови со своето ново семејство.

Градоначалникот Шилегов на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани што активно и волонтерски придонесуваат што повеќе бездомни кучиња да го најдат својот дом.

Можеби ќе ве интересира

Туркије може да се истражува и на велосипед: Внимателно избрани рути за секој велосипедист

ДЕСК

ЈУНИ НОСИ ГОЛЕМ ПРЕСВРТ: Ѕвездите отвораат ново поглавје за неколку знаци – Кој ќе добие љубов, кој пари, а кој важна животна лекција?

ДЕСК

ПОЧЕТОКОТ НА ЈУНИ НОСИ ПРЕСВРТ- Некои знаци конечно ќе здивнат

ДЕСК