Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Грција ги отвора границите за Македонците

Граничниот премин Евзони од денеска се отвора за сите македонски државјани, но за влез потребно ќе биде приложување негативен ПЦР-тест, писмен доказ за примени две дози вакцини против Ковид-19 или позитивен резултат на антитела.

Оваа информација вчера на својот фејсбук-профил ја соопшти премиерот Зоран Заев, кој во Атина учествуваше на економскиот форум „Делфи“, каде што се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој му ја потврдил одлуката.

Грчките граници една година беа затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските граѓани. Одлуката беше воведена лани за време на првиот карантин во март, а оттогаш се продолжува на секои две седмици. Прекуграничните поминувања беа одобрени само за одредени категории граѓани.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК