26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Нови 23 пациенти за 24 часа во ковид центрите во Скопје, се лекуваат вкупно 262 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 262 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 13 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 1 бил примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 74 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 92 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај децата-Козле има 5 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

Според министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 340 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Од утрово поради намалениот број на пациенти се затворен ковид центрoт на Клиниката за Гастроентерохепатологија, известуваат од ресорното министерство.