27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузеска кон Митева: „Вие не сакате државата да успее, ама ќе успее заедно со нас и граѓаните

„Вие каскате цело време во изминатите три години. Три години ниту се реформиравте ниту покажавте демократски капацитет. Дали кога газите по тие теписи во партијата, кога ги гледате скапите лустери, дали сте го прашале лидерот колку чинат, дали сте го прашале зошто на партијата и се блокирани сметките? Ви ја разбирам нервозата дека државата оди напред, а вие стоите во место. Христијан Мицкоски, вашиот шеф се сеќавате ли дека во Собрание ниту аплауз не даде за членството во НАТО, единсвен што не аплаудираше. Што ви какажува тоа вас?- и се обрати портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на порпаролката на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева.

Кузеска и порача дека ВМРО ДПМНЕ прави се државата да не успее,но таа ќе успее заедно со СДСМ и со граѓаните.

„11 години ВМРО ДПМНЕ владееше со поделба на народот. Тие ја измислија поделбата на предавници и патриоти, срамота е да се брани насилство, како што ВМРО ДПМНЕ го брани насилството од 27 април 2017 година.“- рече Кузеска.