Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за невреме проследено со дожд, грмежи и засилен ветер – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Во следните денови во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а во попладневните нестабилно со локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер, особено во среда и во деновите од викендот.

Прогноза за 12.05.2021
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 13.05.2021
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 28°C
Сончево со умерена облачност и со услови за локална нестабилност со краткотраен дожд, ретки грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 14.05.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 21°C до 29°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +