Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

ЕУ ќе забрани плаќање со готовина над 10.000 евра

Европската комисија има намера да воведе горна граница за плаќање со готовина.

Во борбата против перењето пари, Комисијата размислува за забрана на плаќања во готовина за износ над 10.000 евра, објави комесарката за финансии, Мејрид Мекгинис, во изјава за германски „Ѕидојче цајтунг“.

„Зборуваме за горната граница од 10.000 евра. Многу е тешко да носите толку пари во џебовите. Повеќето луѓе не го прават тоа“, рече таа.

Забраната ќе биде дел од пакет-предлозите на законот за борба против перење пари, што Комисијата има намера да го претстави во јули.

Мекгинис вели дека со поддршка на членовите сака да формира институција на ЕУ за борба против перење пари и финансирање тероризам.

„Ќе има многу надлежности и директно ќе ја надгледува политиката против перење пари на големите банки“, објасни комесарката.

Според неа, тој пакет-мерки ќе биде голем напредок во борбата против перењето пари.

Можеби ќе ве интересира

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година  

ДЕСК

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

ДЕСК

Секој живот е приказна: Mozzart верна поддршка на кампањата за ретки болести

ДЕСК