Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Предложени казни од по 2.000 евра за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје издаде глоби од по 2.000 евра против седум лица за непочитување на полицискиот час во Скопје.

„Спротивно на прописите со кои се определени мерки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Имено, за време на определената забрана за движење на населението, тие се движеле на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола за тоа“, соопшти обвинителството.

Јавните обвинители му предложија на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК