Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 133 возачи за брзо возење во Штип

Полицијата за еден ден казни 133 возачи за брзо возење на територија на СВР Штип.

Денеска, во периодот од 9 до 16 часот, на подрачјето на СВР Штип е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање возачи што управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата се санкционирани 133 возачи што возеле побрзо од дозволеното, од кои 117 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 16 во населено место.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК