Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Куманово, украдените пари, пронајдени и вратени на сопственикот

Утрово во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лицето М.Т.(30) од Куманово.

Тој синоќа околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот лицето М.Т., при што биле пронајдени украдените пари, кои подоцна биле вратени на сопственикот.

М.Т. бил приведен во полициска станица а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известува министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК