11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Се расчистува голема дива депонија во Драчево

Градот Скопје во соработка со Општина Кисела Вода денеска почна акција за расчистување голема дива депонија во Драчево. На почетокот на активностите за расчистување на ова сметиште присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Кисела Вода, Петре Шилегов и Филип Темелковски, како и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

– Во општината Кисела Вода, во населеното место Драчево, преку јавните претпријатија на Град Скопје денеска започнуваме со расчистување на една огромна дива депонија создавана во изминатиот период, а која негативно влијае врз животната средина. Спроведуваме континуирана акција во Скопје, во изминатиов период расчистивме повеќедецениски депонии, како депонијата во Мичурин и депонијата во Визбегово, и секаде каде што просторните услови ни дозволуваа, наместо депонии сега на тие места имаме паркови во кои уживаат граѓаните. За десетина дена овде ќе бидеме целосно готови, овој простор ќе биде израмнет и ќе настапи системот кој што го воведовме во соработка со општините, а тоа е системот на засилен инспекциски надзор со цел радикално да ги казниме создавачите на вакви депонии и да не дозволиме животната средина да биде загрозена – рече денеска градоначалникот Шилегов.
Тој упати апел до граѓаните да ја чуваат животната средина и да не создаваат диви депонии, зашто, како што рече, кон Скопје треба да се однесуваме како да е наш дом.

– Грижата за животната средина треба да е повеќестрана – од нас како институции од една страна преку чистење и засилен инспекциски надзор, но и од страна на граѓаните кои можат да придонесат за зачувување на животната средина – нагласи Шилегов.

Спонзорирано: