28. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

ОКТА: Финансиски резултати за првиот квартал од 2021 година

Подобрена профитабилност во услови на продолжена рецесија како резултат на оперативните подобрувања и повисоките меѓународните цени на горивото

(Во милиони денари)1 квартал 20211 квартал 2020% разлика
Приходи од продажба4,3094,932-13
Бруто маржа286-133
Добивка/загуба пред оданочување162-323 

Долготрајната рецесија која продолжи и во текот на првиот квартал од 2021 година, како резултат на пандемијата со COVID-19 вирусот која сè уште трае, и натаму претставува предизвик за економијата, јавното здравство, начинот на живот, како и оперативните модели на компаниите. Како главен снабдувач со нафтени деривати во државата, ОКТА внимателно и континуирано ја следи состојбата предизвикана од корона вирусот уште од почетокот на кризата и во целост ги примени сите мерки и препораки на Владата и другите релевантни државни институции, насочени кон спречување на ширењето на вирусот во земјата.

ОКТА ја започна 2021 година со значително подобрена профитабилност, при што клучен двигател беше позитивниот ефект од залихите, генериран од нагорниот тренд на меѓународните цени на горивото, заедно со оптимизацијата на трошоците. Продажните количини достигнаа 187 илјади метри кубни што е за 10 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година, како негативна последица од COVID-19 кризата. Тоа предизвика приходите од продажба да достигнат 4,309 милиони денари, споредено со 4,932 милиони денари во првиот квартал од 2020 година.

Од друга страна, бруто маржата бележи нагорен тренд, достигнувајќи 286 милиони денари што претставува целосно закрепнување од негативните 133 милиони денари достигнати во истиот период минатата година. Ова се должи на растот на меѓународните цени на горивото што доведе до позитивен ефект од залихите. Добивката пред оданочување, следејќи сличен тренд, во првиот квартал од 2021 година генерираше 162 милиони денари што овозможи целосно закрепнување од загубата од 323 милиони денари забележана во истиот период минатата година. Ова главно е резултат на позитивниот ефект од залихите во износ од 137,6 милиони денари, кој во текот на првиот квартал од 2020 година беше значително негативен, со износ од 337,1 милион денари, и беше последица на падот на меѓународните цени на горивото предизвикан од зачетокот на пандемијата со COVID-19.

ОКТА успеа да одржи стабилна финансиска позиција што на компанијата ѝ дава можност да се справи со сите последици кои би произлегле од кризата предизвикана од корона вирусот, во насока на враќање кон нормалното секојдневно функционирање.

Во првиот квартал од 2021 година, ОКТА како општествено одговорна компанија, продолжи со поддршка на здравствениот систем во државата во справувањето со пандемијата со COVID-19. Компанијата донираше 1.300 тестови за брзо откривање присуство на SARS-CoV-2 вирусот, наменети за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Во февруари се одржа првата од вкупно три крводарителски акции кои Црвениот крст на ОКТА редовно ги организира секоја година. Акцијата беше поддржана од голем број крводарители, вработени во компанијата, кои уште еднаш ја покажаа својата хуманост.

ОКТА ќе продолжи да се движи напред преку искористување на можностите за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.