„Активната транспарентност стана белег за демократски напредок на оваа Влада, а самоиницијативното објавување податоци и документи од страна на владите е најголемиот проблем за дезинформаторите. Колку повеќе информациите кои ги поседуваат институциите се достапни во јавноста, толку е потешко во дадена област некој успешно да пласира дезинформации. Во ова дигитално време, се’ може лесно и брзо да се провери преку интернет – затоа е нашата заложба што повеќе информации да направиме да бидат достапни за граѓаните и медиумите. И затоа, денес велиме дека информацијата е јавно добро, а дезинформацијата е опасност. И затоа бараме сите институции и локалните самоуправи да објават десетици типови наративни и финансиски документи на своите веб страни.“- изјавува националниот координатор за комуникации, Марјан Забрчанец, во интервјуто за Слободен печат.
Тој ја нагласува неопхдноста институциите да бидат што поотворени со цел да се спречи дезинформирањето.
„За нашата посветеност на полето на отворање на институциите и на обезбедување транспарентност и отчетност потврда се истражувањата на регионалните организации кои говорат дека Владата на Северна Македонија од последното место по отвореност во регионот во 2016 година во последните неколку години убедливо е на првото место.“- дополнува Забрчанец.