14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето целосно се менува – Метеоцентар со детална прогноза за следната недела

Денес ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде повремено ќе биде силен и ќе надминува 70 км/час. Попладне брзината на ветерот постепено ќе се намалува.

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи.

Прогноза за 04.05.2021
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 20°C до 25°C
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 05.05.2021
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Променливо облачно, попладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 06.05.2021
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.