Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Времето денеска облачно и топло

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен, информираат oд УХМР.

Во Скопје се очекува умерено до значително облачно време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 28 степени.

Во недела ќе се задржи натпросечно топло, но на повеќе места со зголемена облачност. Во вторник дневната температура ќе се намали за неколку степени и ќе има локални врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО СКОПЈЕ: Заталкано зрно оштетило предмет во двор

ДЕСК

МАЈКА ПРИЈАВИЛА НАПАД ВРЗ СВОЈОТ СИН: Инцидент на игралиште во штипско

ДЕСК

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КУМАНОВСКО: Мопедист пренесен во болница

ДЕСК