26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев сакаат со студија од 35 страни да потрошат над пола милијарда евра за Клинички центар

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

„Македонија со Заев и Филипче се претвори во црна дупка во Европа среде пандемија од Ковид 19 вирусот. Бројките и меѓународните извештаи тоа го говорат. Имаме најголема смртност во светот, најмал број на вакцинирани граѓани и сето тоа е резултат на нивната неспосбност и немање на стратегија.

Можеби немаат стратегија за справување со ковид 19, ама затоа секогаш имаат план за сомнителни зделки и матни набавки.

Еднаш се обидоа со провизии при набавка на кинеските вакцини, сега се обидуваа на крајно скандалозен начин да протуркаат изградба на клинички центар, кој е потенцијален коруптивен бизнис од над половина милијарда евра.

Цели четири години ја замајуваат јавноста со градење на овој капитален објект во здравствената инфраструктура ,цели 4 години прво бараа простор, па пуштаа неколку фотографии, за сега со некаква физибилити студија од само 35 страни да сакаат да почнат изградба. Замислете градење на капитален објект најкорумпираната влада во Европа сака да го отпочне со смешна физибилити студија од неколку страни и за тоа да потрошат 508 милиони евра. Дополнително што таа физибилити студија ја базираат на анализи од 2009 години, чии податоци се застарени и не одговараат на реалната слика и на КОВИД реалноста во која сме веќе една година. Оваа физибилити студија не нуди целосно решение , туку треба да биде само замајување на јавноста во скандалозно трошење над половина милијарда евра само за објект, и уште неколку стотина милиони евра за дополнителна инсфраструктура.

Но, двоецот Заев –Филипче, како и за набавката на вакцини преку фантом фирми од хонг конг, така и за изградбата на клинички центар планира на крајно сомнителен начин да троши огромни народни пари среде епидемија без да понуди план, издржан проект или конкретна стратегија.

Здравјето на граѓаните и здравствениот систем се премногу скапа играчка за нови баснословни иматни бизниси на овој двоец.“