5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАКУЈНАИЗБОР

ЈАГНЕШКО ВО РЕРНА: Сочно и вкусно како под сач (Рецепт)

Совршен Велигденски ручек за целото семејство…

Следете ги овие чекори и за Велигден ќе добиете сочно и меко јагнешко месо испечено во рерна. Водете сметка дека јагнешкото бара подолго печење.

Состојки:

1,5 кг јагнешко месо; 100 мл масло; 400 мл бело вино ;500 мл вода; 1/2 праз; 3 средни главици кромид; 1 главица лук; 2; моркови; 1,2 кг компири; сол; пипер; рузмарин; магдонос; бибер

Начин на подготовка:

Јагнешкото прво добро посолете го, а потоа наредете го во тепсија. Потоа додајте компири, праз, лук, моркови и кромид.

Налијте со вода, масло и вино, додајте зачини па сè убаво измешајте.

Печете најмалку два часа во загреана рерна на 200 степени. Првите час време тепсијата покријте ја со фолија.

Спонзорирано: