23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски удри по здравствените работници кои објавија видео од салата Борис Трајковски – Трагично, декадентно мизерно оро – не можев да поверувам што гледам

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека имунизацијата на населението е целосно фијаско.

– Предупредувавме дека ќе дојде до ова. Предупредувавме дека немаат план, дека не знаат што прават и дека она што беше подготвено да се случи во декември го најавуваа за во јануари, тоа што беше за јануари се правдаа за февруари, па потоа некој друг им беше виновен кога живи ги фативме како бркаат провизии наместо да обезбедат вакцини. Но, за тоа ќе зборуваме после велигденските празници, рече Мицкоски.

Вели дека сме на врвот според неспособноста за справување со пандемијата во Европа.

-Јас не очекувам од овие луѓе дека нешто ќе сменат, освен онаа песна што ја слушнав и она трагично, декадентно, мизерно оро кое што луѓето кои што треба да ја прават имунизацијата, под налог на нивниот наредбодавач го вртеа во СЦ Борис Трајковски. Се срамам што сум дел од ова политичко мочуриште, но тоа е единствениот начин како овие луѓе да се поразат и да се пратат на темната страна на историјата бидејќи за жал, ќе треба да ги поразиме сите заедно, а потоа да одговараат. Не можев да поверувам во она што го гледав вчера, на онаа песна која што компонирале. Па дури, и не можам на оние луѓе кои што ја компонирале да им се изначудам на паметот. А оној срам кој што го правеа оние здравствени работници мислам дека не заслужува никаков коментар, рече Мицкоски додавајќи дека целата ситуција е дно.

Спонзорирано: