Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за двајца охриѓани поради злоупотреба на службената положба и овластувања

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против Р.Џ.(50) од Охрид, вработен во шпедиција, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела фалсификување на исправа и употреба на исправа со невистинита содржина и против М.М.(44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и употреба на исправа со невистинита содржина.

Според информации од полицијата, лицето Р.Џ. изработило две различни царински декларации за исто патничко возило и ги употребило во постапка за идентификација во Бирото за метрологија – Скопје.

По извршениот технички преглед од страна на ЦВО Охрид, каде потписник е М.М., во ОУР Кичево била издадена сообраќајна дозвола за возилото.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило удри пешак, кој почина на местото

ДЕСК

Забрчанец: Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка!

ДЕСК

Мицкоски за најавената реконструкција: Pоединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваа

ДЕСК