Centar.mk
БИЗНИС

Агенцијата за храна со засилени контроли пред велигденските празници

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат засилени контроли во производството и прометот, информираат од оваа институција.

Од Агенцијата за храна посочуваат дека се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Контролите, додаваат од таму, се спроведуваат во маркетите, специјализираните продавници за јајца, месарниците и зелените пазари.

„Од досега спроведените контроли не се утврдени недоследности кај производителите, увозниците и трговците со јајца и бои за јајца, кај кои покрај усогласеноста со одредбите на Законот за безбедност на храна се контролира и спроведувањето на Правилникот за адитивите кои се употребуваат во производството на храна. Домашните производители на бои за јајца ги имаат имплементирано правилата на Добра производствена и Добра хигиенска пракса во производството, односно боите кои ги произведуваат се безбедни“, стои во писмениот допис од агенцијата.

Од таму апелираат до граѓаните да купуваат храна, вклучително и јајца и бои за јајца исклучиво од регистрирани производители/увозници, кои се соодветно означени/декларирани.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk, известува АХВ.

Инспекциските служби на агенцијата во првиот квартал годинава спровеле приближно 12 илјади контроли. Изречени биле 1 902 мерки (1.040 решенија за отстранување на утврдени недоследности, 778 едукации, 11 прекршочни и поднесени се 15 кривични пријави). Притоа според соопштението од агенцијата, забранети за увоз се по една пратка со храна од животинско и од неживотинско потекло. Уништени се повеќе од 67 тони небезбедна храна, од животинско и од неживотинско потекло, најголемиот дел од самите оператори – 44.1 тони и 22,9 тони од страна на инспекциските служби на АХВ.

Можеби ќе ве интересира

На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето

ДЕСК

Планот на Трамп за мир со Иран ги урна цените на нафтата, азиските берзи во пораст

C +

УЈП: Заедно со занаетчиите кон подобра бизнис-клима

ДЕСК