Centar.mk
БИЗНИС

„Тесла“ отвора фабрика во близина на Берлин

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ објави дека новата фабрика во близина на Берлин ќе вработи 12 илјади работници кога ќе работи со полн капацитет.

„Во теоретската идна завршна фаза на проширување, која засега е хипотетичка, фабриката може да вработи до 40 илјади работници со максимален капацитет“, се наведува во соопштението на американската компанија.

Производството во фабриката треба да започне во јули и ќе произведува 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, има намера да ја изгради најголемата фабрика за батерии во светот на таа локација, со што дополнително ќе се зголеми износот на инвестиции, што според гласините во индустриските кругови достигнува една милијарда евра.

Можеби ќе ве интересира

Тему итно повлекува еден продукт: Проверете дали го имате нарачано ова дома

ДЕСК

Се токмат нови цени на бензините во Македонија – Какви цени да очекуваме?

ДЕСК

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК