Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температурата ќе скокне до 32 степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од средината на седмицата.

Локални врнежи од дожд ќе има преку ноќта и утре наутро со слаб до умерен интензитет, а во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Прогноза за 28.04.2021
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 19°C до 25°C
Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 29.04.2021
Минимална температура: 6°C до 11°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 30.04.2021
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 23°C до 32°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК