Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Законот за потекло на имот ќе спречи незаконско богатење врз грбот на граѓаните

Студијa подготвена од домашни и странски експерти која се однесува на подготовка на предлог-закон за потекло на имот денеска беше презентирана пред вицепремиерот задолжен за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски, од страна на меѓународни експерти од Советот на Европа.

Преку вакво законско решение, ќе треба да се докажува на кој начин е стекнат имотот и капиталот, во случај кога постои сомневање дека се надминати редовните оданочени приходи.

„На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, е подготвена физибилити студија. Очекуваме со овој закон да се надминат и досегашните пречки за проверка на имотот на актуелните функционери и оние фунцкионери на коишто им истекол мандатот“, нагласи вицепремиерот.

Според Николовски, со Законот за потекло на имот за првпат ќе се воведе контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните.

„За првпат носиме ваква храбра одлука, за спроведување на системски реформи, за создавање на функционален систем, со транспарентни институции во служба на граѓаните“, рече вицепремиерот.

Подготвената студија содржи компаративна анализа на меѓународни искуства за проверка на потеклото на имот и капитал, анализа на домашната правна рамка и досегашни искуства, детектирани слабости во институционалниот систем и идни насоки за креирање на новото законско решение.

Веќе е формирана работна група во чиј состав се домашни и меѓународни експерти кои започнуваат со подготовка на законските одредби.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК