Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Собранието донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата

Со 92 гласа „за“, ниту еден воздржан или против, пратениците во Собранието ја донесоа одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата.

Кризната состојба е поради ризик од зголемен влез на мигранти и заштита на јавното здравје во услови на пандемија.

На денешната седница беше донесен и дополнет предлог на закон за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни.

Собранието ја донесе и одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменик-членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и предлогот за избор на членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА САМКА ИБРАИМОВСКИ – Поранешниот пратеник и министер имаше 72 години

ДЕСК

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК