Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави

Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието.

„Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина“, потенцираат во писменото соопштение од оваа партија.

Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација.

„И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, стои во писмениот допис од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК