Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ за Политика: Покажавме дека правдата важи за сите, искоренувањето на корупцијата ни е приоритет

„Европската комисија во својот последен извештај ни даде признание за добар напредок при имплементација на нашата стратегија за реформи во правосудството, каде што се адресирани и итните приоритети на Прибе. Сепак, корупцијата како појава, со која се соочуваат државите во регионот, останува предизвик на кој во иднина ќе работиме уште повеќе. Нејзиното искоренување не е брз и едноставен процес, а сведоци сме дека имаме и големи пречки на тој пат. Тоа е една од причините зошто почнавме со реформи во судството, каде што Судскиот совет ја оценува работата на судиите и до сега 12 судии се разрешени поради несовесно и нестручно постапување.“- изјавил министерот за правда, Бојан Маричиќ, во интервјуто за српскиот весник Политика.

Според него Северна Македонија почнува да ги исполнува критериумите на Европската Унија во врска со владеење на правото. Нагласил дека предметите кои се одолговлекувале низ правосудството, конечно имаат завршница.

„Судовите и обвинителствата се секој ден на тест, како што сме и сите ние. Продолжуваат сите истраги и судски процеси против поранешни високи функционери и против тајкуните. Покажавме дека правдата важи за сите, без разлика дали сте во опозиција и сте со власта. Заслуга за сето ова има Законот за Јавно обвинителство со кој предметите на СЈО беа пренесени во другите обвинителства. Периодов гледаме дека предметите кои со години се одолговлекуваа како се затвораат. Затворање на овој циклус е едно од барањата на Европската Унија во областа на владеење на правото.“- дополнил Маричиќ за Политика.

Спонзорирано: