17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Замрзнати новооткриените 3000 метри квадратни плац на Водно и два стана на Никола Груевски

Кривичниот суд ги замрзна новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на поранешниот премиер Никола Груевски, јавува „САКАМДАКАЖАМ.МК“.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во изјава за порталот вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на Груевски.

Одлуката судот ја донел пред десетина дена, а засега никој не поднел жалба.

Поранешниот премиер од Унгарија негираше дека становите се негови, велејќи дека ги изнајмил под кирија. Обвинителите изнеле чудење зошто сопствениците не поднесуваат жалба.

На Водно не биле замрзнати сите нелегално купени плацеви на Груевски, туку само поскапите, кои од шума, биле трансформирани во градежно земјиште, со повеќекратно зголемена цена за метар квадратен.

Засега Обвинителство нема да ги чепка становите на мајка му Надежда, кои се веднаш до двата новооткриени. Нема да биде замрзнат ниту станот во Капиштец, додека тој во Аеродром бил продаден.