25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицески затечен поради деблокадата на Собранието оддржа вонредна прес конференција – сега не сакаат пратеничка со ковид да гласа во Собранието

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски вели дека нема видено посебни протоколи кои би овозможиле заразени пратеници да присуствуваат на пленарните седници во Собранието. Изјавата на Мицевски доаѓа по најавите од пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, којашто е во изолација поради ковид-19, денеска во скафандер ќе се појави во законодавниот дом.

„Таков протокол не постои, барем ние досега немаме видено, меѓутоа, во државата постои законска регулатива којашто важи за сите граѓани во којшто спаѓаат и пратениците. Очекувам дека нема да се дрзнат да го загрозат здравјето и безбедноста на граѓаните“, рече Мицевски.

ВМРО ДПМНЕ изминатите месеци заедно со други опозициски партии постојано ги блокираше седниците на парламентот, искористувајќи ја маката на заразените пратеници од мнозинството поради ковид 19, со што власта немаше мнозинство кое можеше да го донесе во парламентот. Ваквите чекори на опозицијата буквално удрија по џебот на граѓаните. Илјадници граѓани со месеци не можат да имаат пристап до помошта од минимална плата која државата им ја исплаќаше со петиот пакет мерки. Илјадници занаетчии, вработени во погодени сектори, бизнисмени овие месеци буквално на колена ја молеа опозицијата да се вразуми, да има малку почит, да има малку сочуство па макар и гласајќи против оваа помош, да направат кворум во парламентот. Тоа за среќа сега е минато и во 14 часот и 15 минути, помошта ќе биде одобрена и итно наредната недела исплатена до погодените сектори.