24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Со гласовите на двајца пратеници позитивни на Ковид-19 изгласани антикризните мерки

Со 115 гласови „За“ Собранието на Северна Македонија едногласно го изгласа петтиот пакет антикризни мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од Ковид-19.

Но, претходно за да се направи кворумот за почнување на првата од двете денешни седници мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на коронавирусот, а кои во скафандери и во посебна просторија гласаа за законите на денешниот дневен ред.

Опозицијата се врати во собранието кога виде дека мазно тече гласањето на законите, но и силниот притисок од јавноста со оглед дека токму неколку опозициски партии со месеци го замрзнаа носењето на законите, меѓу кои и овој за антикризните мерки.

Со ова се урна стратегијата на блокирање на Мицкоски, велат доброупатени извори.

И покрај тешките закани за кривичен прогон кои ги упати пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицески кон претседателот на Собранието Талат Џафери, сепак лажна е веста дека имало нешто незаконско во тоа на гласањето да присуствуваат пратеници заразени од ковид, со оглед на тоа дека Собранието имало таков случај и во минатото.

Повеќе за ова од изјавата на Мухамед Зекири која може да ја прочитате тука.

Спонзорирано: