25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Парламетнатното мнозинство усвои важни закони од 32. седница на Собранието додека пратенциите од опозицијата беа надвор од салата трошејќи ги парите од граѓаните

На 32. Седница на Собранието на Република Северна Македонија, парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните и државата, велат од СДСМ во соопштението до јавноста по успешното гласање на важните закони кои беа блокирани од опозицијата.

Соопштението го пренесуваме во целост:

Се усвои Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021-2025 година, што претставува важен документ во борбата против високата корупција.

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

Дел од 32.седница на Собранието се и измените на Законот за јавни набавки со што се олеснува набавката на вакцини против коронавирусот.

Додека пратениците од парламентарното мнозинство беа на своите работни места и ги носеа законите, пратениците на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беа надвор од салата трошејќи ги платите и парите за патни трошоци што граѓаните преку Буџетот им ги обезбедуваат.

Тоа е потврда за неодговорно, ненародно и деструктивно однесување на опозицијата. Несериозно е постапувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, одбирајќи на која седница ќе присуствуваат а на која не, пратениците на не се платени само за 36 седница, тие треба да се присутни на сите седници, затоа примаат плата од граѓаните.

Токму таквото нивно однесување им донесе шест порази од граѓаните и токкму таквиот однос ќе им донесе нов пораз на локалните избори наесен. Граѓаните не дозволуваат и нема да дозволат кој било да работи против нивните интереси, а најмалку пратениците кои имаат должност да работат за граѓаните и државата.