Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Уште една добра вест соопштена предмалку: Успешно заврши трансплантацијата на бубрези на УК за урологија

Дваесет и седум годишен пациент на дијализа добри бубрег од почината донорка. Претпладнево успешно заврши првата трансплантација на бубрезите кои вчера доцна во ноќта беа експлантирани на Клиниката за Урологија, информира Министерство за здравство.

Во момнетов во тек е втората трансплантација кај 40 годишен пациент со хронична бубрежна болест кој исто така ќе добие бубрег од починатиот донор.

Благодарение на семејството на 21 годишната девојка кое ги донираше органите, до сега се спасија три животи. Од понеделник на Клиниката за ортопедија ќе се трансплантираат коски и делови од меки ткива кај пациенти со ортопедски болести.

Можеби ќе ве интересира

Температури до 33°C и невреме! Синоптичарите објавија повеќедневна прогноза

ДЕСК

Драма во пехчевско село: Петгодишно дете тешко повредено по удар од електричен тротинет

ДЕСК

Вознемирувачки случај во Драчево: Зрно од огнено оружје завршило во двор од куќа

ДЕСК