Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тешка сообраќајка кај Битола: Се судрија автобус и комбе, тројца повредени

Утрово во 04,29 часот било пријавено дека во селото Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе “там“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од село Вирово и автобус “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.К.(56) од село Сопотница, информираат од полицијата

Според полицијата во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш.(81) од село Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н.(72) од село Вирово констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ со 161 амандман само за општините – за градинки, водоводи, локални патишта и домови за стари лица

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Денеска до 24 степени, вечерва локален дожд

ДЕСК

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

ДЕСК