Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинова: Мицевски нападна пратеничка, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја напушти насилничката матрица

Вчера, во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место, посочи на денешната прес-конференција пратеничката од СДСМ, Марија Костадинова.

„Јавно пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска. Мицевски се охрабри да замолчи пратеничка, да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала, во она што е храм на демократијата“, нагласи Костадинова.

Како што рече таа, со своето однесување Мицевски потврдил дека е дел од режимската насилничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е таа матрица што насилно исфрли новинари и пратеници од пленарната сала на црниот понеделник во 2012 година, истата матрица што стоеше зад насилниот упад на 27 април“, посочи претставничката на владејачката партија и додаде дека граѓаните го следат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и соодветно реагираат на избори.

Можеби ќе ве интересира

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +

Муцунски: Поставуваме основа за подлабока економска и трговска соработка со Полска

C +