Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се укинуваат сите печатени учебници освен оние за прво, второ и трето одделение

Учениците од четврто до деветто одделение и средношколците од септември ќе учат од електронски учебници. Хартиените учебници ќе се користат само од прво до трето одделение. Ова се предвидува со предлог измените на Законот за учебници кои владата веќе ги усвои како чекор кон како што велат подобрување на квалитетот во основното и средното образование, објави Сител Телевизија.

На ваков начин надлежните очекуваат да се наминат сегашните проблеми со учебници кои ги учат децата дека власта е моќна, а граѓаните покорени, наставни содржини кои ја потчинуваат жената и дискриминираат и навредуваат одредени етнички заедници во земјава, технички и граматички грешки и стари и искинати ученици од кои се учи и по неколку години.

Се обезбедува транспарентност на постапките за набавка на учебници, се поставуваат механизми за контрола на содржината за спречување на влез на дискриминирачки содржини. Се обезбедува дигитализација и пристапот на учебници за лицата со оштетен вид, се вели во владиното соопштение.

Наместо еден, учениците ќе имаат можност за избор на повеќе учебници за еден предмет, кои и натаму ќе бидат достапни бесплатно.

Ова е само една од реформите кои МОН ги најавува од следната учебна година, кога се очекува да стартува и новиот концепт за основно образование со целосно нови наставни програми за прво и четврто одделение, јавува Сител.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК