Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Потона “аферата” на Мицкоски – Од 660 двојни матични броеви 580 биле поништени, 80 се во процедура

Само во одделот за управни работи во Скопје се евидентирани 660 двојни лични броеви, при што поништени се 580, а за 80 постапката е во тек, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откако опозицискиот лидер Христијан Мицкоски денеска обвини дека 20 илјади граѓани имаат по два матични броеви.

-Постои матична евиденција за родените во Скопје, и во таква матична книга се 213 лица, а во другите матични канцеларии имаме остаток некаде околу 80 граѓани, лица кои имаат двојни матични броеви. Во Куманово целосно се поништени утврдените двојни матични броеви, додека во другите центри тие бројки се многу помали – рече Спасовски на ТВ 21.

Инаку денес Мицкоски за одредени новинари брифирал дека во Македонија имало 20.000 граѓани со двојни матични броеви, што испадна лажна вест, но да се потсетиме дека за време на режимот на луѓе од Мала Преспа насилно, со кршење на сите можни закони, им беа давани лични карти и беа носени со автобуси да гласаат во Општина Центар, за што има посебни судски процеси.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК